Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган тврди дека е подготвен да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е подготвен да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад, но барањето за повлекување на турските војници од сириска територија како предуслов за разговори е „неприфатливо“.

„За жал, Асад во моментов сака турската војска да ја напушти северна Сирија. Ова не може да се случи. Таму се бориме против тероризмот“, изјави турскиот лидер пред новинарите пред да полета за Саудиска Арабија.

Не исклучуваме разговори со Асад, можеби ќе се сретнеме. Целото прашање е во начинот на кој ни пристапуваат, додаде Ердоган, јави Анадолија.

Турција е најголемиот воен и политички сојузник на опозицијата во Сирија, која го контролира последното упориште на бунтовниците во северозападниот дел на земјата. Анкара распореди повеќе бази и илјадници војници во северна Сирија.

Од 2016 година, Турција спроведе неколку операции во северна Сирија за да ја исчисти областа долж турската граница од терористите на Исламската држава и борците од сириската курдска милиција Единици за заштита на народот.

Зачлени се на нашиот е-билтен