Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ досега обезбеди над 13 милијарди евра за украинските бегалци

Од почетокот на војната во Украина, ЕУ обезбедила повеќе од 13 милијарди евра за украинските бегалци, соопшти денеска Европската комисија. ЕК истакнува е дека ЕУ примила четири милиони Украинци кои побегнале по руската инвазија на нивната земја.

Комисијата денеска предложи да се продолжи за уште една година примената на привремените правила кои им обезбедуваат на Украинците пристап до образование, здравство и домување, како и до европскиот пазар на труд. ЕК изразува подготвеност мерката да продолжи и во 2025 година.

Во пораката од Комисијата се додава дека ЕУ и обезбедила на Украина над 80.000 тони хуманитарна помош.

Еврокомисијата соопшти и дека се испратени засилувања од Фронтекс и Европол за да им помогнат на безбедносните служби во 13 земји од ЕУ каде што најчесто пристигнуваат бегалци од Украина. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново