Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го возвраќа ударот, ќе го блокира увозот на одредени прехранбени производи од САД

Европската унија планира да го блокира увозот на одредени видови прехранбени производи кои не се произведуваат според европските стандарди во обид да ги заштити европските земјоделски производители, пишува денеска „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Британскиот весник наведува дека оваа мерка потсетува на трговската политика што ја спроведува американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Европската комисија најави дека следната недела ќе се разгледаат построги ограничувања за увоз на одредени прехранбени производи, потврдија за ФТ тројца неименувани европски претставници запознаени со ова прашање, пренесува Танјуг.

Како што наведуваат, првиот сет на мерки би можел да вклучи земјоделски производи од САД, како што се сојата одгледувана со пестициди кои европските земјоделци не смеат да ги користат.

Зачлени се на нашиот е-билтен