ЕУ ја „маркираше“ Хуавеј како коруптивна компанија, истата која преку унгарски 4иГ, се фаворизира како трет оператор во Македонија

Пет лица се обвинети за активна корупција и перење пари во истрагата против кинеската компанија „Хуавеј“ (Huawei) поради сомневање за корупција во Европскиот парламент, соопшти денеска белгиското федерално обвинителство.

-Истражниот судија до денеска обвини четири лица за активна корупција и криминална организација. Петто лице е обвинето за перење пари. За четири лица се издадени налози за апсење, а петтото е пуштено со кауција, соопшти обвинителството, додавајќи дека вчера биле извршени нови претреси во канцеларијата на Европскиот парламент во Брисел.

На 13 март, белгиските власти претресоа повеќе од 20 адреси и запечатија две канцеларии во Европскиот парламент, како дел од истрагата за мито и лобирање активности на кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ во Европа.

Властите соопштија дека ги истражуваат прелиминарните наводи за „активна корупција, фалсификување документи, перење пари во Европскиот парламент“, изјави неодамна неименуван портпарол на белгиското обвинителство, додавајќи дека „поткупот“ наводно бил во корист на „Хуавеј“.

Според обвинителството, корупцијата се практикува „редовно и многу дискретно“ од 2021 година, „под маската на комерцијално лобирање“ и во различни форми, како што се такси за преземање политичка позиција или преголеми подароци, плаќање патни трошоци и редовни покани за фудбалски натпревари.

Седиштето на ЕП е во Стразбур, но состаноците често се одржуваат во Брисел, каде што е седиштето на Европската унија. 

Во Северна Македонија „Хуавеј“ повторно стана актуелна на почетокот на летото минатата година, кога новостановената власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека започнува преговори за влез на трет телеком оператор со унгарската компанија 4иГ.

Компанијата 4иГ со која Мицкоски и Николоски влегиа во преговори за влез на оваа компанија на македонскиот пазар за која се појавија информации дека има воспоставено директно стратешко партнерство со кинеската компанија Хуавеј.

Компанијата 4иГ за договорот со Кинезите извести на својот ЛинкдИн профил на 16 октомври 2023, кога се потпиша Договор за стратешко партнерство на 20 години со Хуавеј.

Влез на компанија која е во стратешко партнерство со Хуавеј и која ја користи напредната технологија на кинеската компанија за да обезбеди центар за податоци на високо ниво“ е сосема спротивно на стратешките интереси на Северна Македонија и се коси со домашното законодавство според кое земјата ќе набавува современа 5Г технологија исклучиво од доверливи добавувачи меѓу кои не спаѓаат кинеските гиганти и особено Хуавеј.

Според изјавите на Мицкоски во тој период мотивација за овие преговори била да му „стави крај дуополот со трет мобилен оператор“ и „да го заштити стандардот на граѓаните за услугите коишто ги добиваат“, но овие причини се сериозно доведени во прашање заради „протекцијата“ со која се фаворизира омилената компанија на Орбан, која, еве, докажано е, дека е во стратешко партнерство со кинески Хуавеј.

Зачлени се на нашиот е-билтен