Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ одобри 3,5 милијарди евра за воена помош за Украина

 Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска одобрија издвојување на 3,5 милијарди евра за фондот од кој Брисел издвојува пари за испорака на оружје за Украина.

„Советот (ЕУ) денеска донесе одлука за зголемување на вкупната финансиска граница на Европскиот фонд за мир ЕПФ за 3,5 милијарди, врз основа на претходен договор од 20 март 2023 година. Оваа одлука има за цел да обезбеди финансиска одржливост на ЕПФ во долгорочно и го зачувува опсегот и способноста на ЕУ да спречи кризи и конфликти и брзо да одговори на нив“, се вели во соопштението.

Според западни медиуми кои се повикуваат на извори во ЕУ, специјалниот пратеник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побарал да се подигнат горните граници на фондот, кој веќе доделил околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен