ЕУ подготвена за контрамерки против САД по воведувањето на царините

Фото: X/@vonderleyen

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија е подготвена да ги брани своите интереси со пропорционални контрамерки на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа изјава следува по телефонскиот разговор што таа го имала со британскиот премиер Кир Стармер.

Фон дер Лајен најави дека ЕУ ќе соработува со своите партнери за да постигне конкретни резултати во справувањето со ова прашање.

Претседателката на Европската комисија исто така нагласи дека земјите-членки на ЕУ се посветени на блиска соработка со Велика Британија, особено во областа на безбедноста и одбраната. Таа изрази загриженост за влијанието на Русија, која, како што истакна, ги попречува мировните напори во Украина.

На 24 април, Урсула фон дер Лајен ќе патува за Лондон каде ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер по повод Меѓународниот самит за иднината на енергетската безбедност.

Зачлени се на нашиот е-билтен