ЕУ подготвува целосна забрана за руски гас до крајот на 2027 година

Земјите членки на Европската унија постигнаа договор до крајот на 2027 година целосно да го забранат увозот на руски природен гас, јавуваат европските медиуми.

Одлуката е усвоена на состанок на министрите за енергетика на ЕУ што се одржа во Луксембург, а предлогот наскоро ќе се најде и пред Европскиот парламент.

Иницијативата за забраната првпат беше покрената од Европската комисија оваа пролет, како дел од напорите на Унијата да ја намали зависноста од руските енергенси.

Со оваа мерка, ЕУ има намера да го пресече еден од клучните извори на приходи за Москва, кои се користат за финансирање на воените операции во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен