Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека „Европа мора да се подготви за војна“ со Русија, додека американски медиуми тврдат дека Вашингтон сака прекин на огнот во Украина до Велигден.
Францускиот Фигаро пишува дека стравувањата од намалено американско присуство во Европа предизвикале паника меѓу членките на ЕУ. Сите, освен Унгарија, го поддржаа планот за зајакнување на европската одбрана со стотици милијарди евра, иако постојат поделби околу финансирањето и реалноста на заканата.
Во исто време, Белата куќа, според Блумберг и Волстрит џурнал, се залага за мировен договор. Посредникот Стив Виткоф изјави дека Путин не сака да ја заземе цела Украина, додека Трамп е уверен во договор што ќе донесе економски можности.
Во Данската воена академија, фон дер Лајен повика граѓаните на ЕУ да се подготват за евентуална војна, советувајќи ги да обезбедат залихи за 72 часа преживување. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ја поддржа оваа позиција, нагласувајќи дека Европа мора да биде подготвена за можен напад.