ЕУ со остри критики кон Русија поради цинизмот во повлекувањето од договорот за жито

Европската унија упати остра критика кон Русија за нејзиниот „цинизам во повлекувањето од Црноморскиот договор за жито“, велејќи дека понудата од еден милион тони жито за африканските земји е „пародија на великодушноста“, пишува Ројтерс.

Во говорот на годишниот самит на Г-20 во Њу Делхи, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел истакна дека дека со договорот за жито е испорачано количество поголемо 30 пати повеќе за загрозените земји од количеството што Русија и го нуди на Африка.

„И каков цинизам… не го прифативте тоа“, рече Мишел во коментарите поврзани со договорот за жито упатени до рускиот претставник на самитот, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не само што решивте да се повлечете од овој договор, туку во исто време ја напаѓате и пристаништната инфраструктура“, рече тој.

Мишел додаде дека Русија ги блокира пристаништата кои имаат пристап до Црното Море, па дури и на Дунав.

Русија го напушти договорот во јули, една година откако беше посредуван од Обединетите нации и Турција, жалејќи се дека нејзиниот сопствен извоз на храна и ѓубрива се соочува со пречки и дека не оди доволно украинско жито во загрозените земји.

„За да биде навредата поголема, Русија им нуди милион тони жито на африканските земји како пародија на великодушноста“, рече Мишел.

„Каков цинизам и презир кон африканските земји“, рече тој, додавајќи дека Црноморскиот договор досега овозможил извоз на повеќе од 30 милиони тони, главно во најранливите земји.

Кремљ соопшти дека останува при своите услови за враќање во договорот.

Зачлени се на нашиот е-билтен