ЕУ ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царии за увоз на главните американски трговски партнери – нарекувајќи го потегот „штетен за сите страни“.
„Европската унија жали за одлуката на САД да воведат царини за Канада, Мексико и Кина“, изјави портпаролот на Европската комисија.
Тој додаде дека ЕУ ќе возврати „цврсто“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана со која ќе го погоди увозот од блокот со царини.
„ЕУ цврсто би одговорила на секој трговски партнер кој неправедно или произволно воведува царини за стоките на ЕУ“, изјави портпаролот на Европската комисија.