Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еврокомесарот Тимерманс ќе поднесе оставка поради неговата кандидатура на изборите во Холандија

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс ќе поднесе оставка на функцијата во Европската комисија за да се кандидира на националните избори во Холандија во ноември, лишувајќи ја ЕУ од клучната фигура во претстојните меѓународни преговори за климата.

Холандската Лабуристичка партија и Зелената левичарска партија денеска соопштија дека Тимерманс ќе биде нивен лидер на општите избори на 2 ноември.

Тимерманс, чиј мандат во Европската комисија завршува во ноември оваа година, во јули изјави дека би сакал да се обиде како следен холандски премиер.

Комисијата соопшти дека Тимерманс ќе поднесе оставка од функцијата во Комисијата по најавата на Лабуристичка партија и Зелена левичарска партија. Тимерманс, кој освен родниот холандски, зборува англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, е добро позната личност во Холандија, бидејќи ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2012 до 2014 година.

По речиси една деценија во Брисел, Тимерманс ќе се натпреварува на првите холандски избори од 2006 година на кои премиерот во заминување Марк Руте нема да ја води неговата конзервативна партија ВВД.

Руте, холандскиот премиер со најдолг стаж, ја шокираше нацијата во јули кога објави дека се повлекува откако неговата четирипартиска коалиција не успеа да се договори за мигрантската политика.

Зачлени се на нашиот е-билтен