Европска унија планира да потроши милијарди евра за изградба на „зид од дронови“ како одговор на руски упади во воздушниот простор на членки на НАТО, пишува Financial Times. Технологијата што ќе се користи е веќе тестирана на боиштата во Украина, каде украинските иновации во одбрана покажаа ефективност против нисколетечки дронови, како што се иранските Shahed.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Европа мора да развие заедничка способност за одбрана која ќе реагира во реално време, додека истовремено се формира и „сојуз за дронови“ со Киев, поддржан со шест милијарди евра за заедничка индустријализација и примена на украинската технологија.
Полска, балтичките земји и Финска веќе најавија засилување на своите граници, но експертите нагласуваат дека ефектот ќе биде значаен само ако се воспостави интегриран и координиран систем. Според официјални лица, членките на НАТО на источниот крил добиваат околу 100 милијарди евра во заемни средства за одбрана, дел од кои ќе се користат за изградба на „зидот од дронови“.
Украинските иновации се клучни за оваа стратегија. Малите дронови, кои стандардните радари тешко ги детектираат, се следат преку национален систем на акустични сензори, а податоците се пренесуваат до мобилни тимови опремени со протуздрачни топови и тешки митралези – ефективно и поефтино од користење ракети. Полска, Литванија и Латвија веќе воведуваат вакви практики, следејќи го украинскиот пример.
Како што изјави бригадаскиот генерал Марку Виитасаари од Финска: „Природата на војувањето со дронови целосно го промени современиот конфликт. Потребни се нови технологии и методи за ефективна одбрана против беспилотни системи.“