Европејците не ја сакаат „Тесла“, голем пад на продажбата

И покрај проблемите на „Тесла“, продажбата на електрични возила продолжува да расте во некои европски земји, вклучувајќи ги Германија и Обединетото Кралство. Според податоците на ACEA, електричните возила сочинуваат 15 проценти од пазарот на ЕУ. Најголем удел имаат хибридите (36%), а по нив следуваат автомобилите на бензин (29%).

Компанијата „Тесла“ оваа недела објави пад од 71% во профитот за првиот квартал – заработката изнесува 409 милиони долари, додека приходите се намалени за 9% на 19,3 милијарди долари. Илон Маск најави дека од мај ќе ја намали својата улога во администрацијата на Трамп и ќе се фокусира повеќе на управување со „Тесла“.

Само во март, продажбата на „Тесла“ во Европската Унија се намали за 36%, што е најголем пад меѓу сите големи автомобилски производители во регионот, според извештајот на ACEA што го пренесе АФП. И покрај вкупниот пораст на продажбата на електрични возила, „Тесла“ забележува сериозен пад.

Аналитичарите падот го поврзуваат со улогата на извршниот директор Илон Маск во администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Поради тоа, во Европа и САД се појавија повици за бојкот на возилата на „Тесла“, а имаше и инциденти со вандализам во нивни салони.

Според ACEA, во првиот квартал од 2025 година, „Тесла“ продала нешто над 36.000 возила во ЕУ – што е за 45% помалку во споредба со истиот период лани.

Зачлени се на нашиот е-билтен