Претставници на Европската унија денеска го осудија уништувањето на големата брана на хидроцентралата Нова Каховка на југот на Украина, обвинувајќи ја Москва и оценувајќи дека тоа е нов пример на руската „варварска агресија“.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозсеп Борел, изјави дека Русија со уништувањето на браната на хидроелектраната Каховка на југот на Украина, ја подигна својата агресија против Украина на друго ниво.
– Нападите врз цивилната инфраструктура се квалификуваат како воени злосторства, напиша Бореч на Твитер.
– Овој чин претставува нова димензија на руските злосторства и уривање на меѓународното право, особено меѓународното хуманитарно право, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и ја обвини Русија за уништувањето на браната.
Европската унија го осуди уништувањето на браната на хидроелектраната Нова Каховка, со оценка дека тоа е нов пример за „варварската агресија“ на Русија.
– Ова е нов знак на ескалација, ужасен чин кој ја потврдува варварската природа на руската агресија без преседан против Украина, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано на прес-конференција во Брисел.