Европските берзански индекси во благ пораст, се чекаат податоци за растот на економијата на еврозоната

Европските берзански индекси утрово бележат умерен пораст, додека цените на нафтата, златото и пченицата се во опаѓање. Инвеститорите со нетрпение ги очекуваат прелиминарните податоци за економскиот раст на еврозоната за првиот квартал од годината, кои треба да бидат објавени во 11 часот.

Пазарите исто така внимателно ги следат бројките за бруто-домашниот производ и инфлацијата во Германија, Франција и Италија, како и кварталните извештаи на големите компании и банки како што се „Барclays“, „Stellantis“, „Airbus“ и „TotalEnergies“.

Во 9:30 часот, индексот на франкфуртската берза DAX порасна за 0,55 проценти и достигна 22.574,02 поени, францускиот CAC 40 се зголеми за 0,43 проценти на 7.580,78 поени, а британскиот FTSE 100 порасна за 0,12 проценти на 8.476,07 поени. Од друга страна, рускиот индекс MOEX падна за 1,43 проценти и изнесуваше 2.914,87 поени.

Зачлени се на нашиот е-билтен