Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФБИ: Кралицата Елизабета била мета на атентатор при нејзината посета на САД во 1983 година

Британската кралица Елизабета Втора се соочил со потенцијална закана за атентат за време на посетата на САД во 1983 година, се наведува во неодамна објавените документи на американското Федерално истражно биро, чија содржина денеска ги објави Би-би-си.

Според документите на ФБИ, задолжено за безбедноста на британската кралица, заканата доаѓала од Ирската републиканска армија (ИРА).

Полицаец од Сан Франциско ги предупредил агентите на ФБИ дека маж сака да се освети за неговата ќерка, која загинала во Северна Ирска од гумен куршум.

Заканата била упатена на 4 февруари 1983 година, околу еден месец пред посетата на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип на Калифорнија.

Тој планираше да ѝ наштети на кралицата Елизабета со фрлање на предмет од мостот Голден гејт врз „Кралската јахта Британија“ или да ја елиминира кралицата за време на нејзината посета на националниот парк Јосемит, се наведува во документот на ФБИ.

Како одговор на заканата, Тајната служба планирала да го затвори мостот Голден Гејт за пешаци додека се приближува јахтата, но, не е познато какви мерки биле преземени во Јосемит.

ФБИ не соопшти дали некој е уапсен.

Зачлени се на нашиот е-билтен