Фидан побара од црногорските власти да ги заштитат правата на турските државјани

Фидан побара од црногорските власти да ги заштита правата на турските државјани

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со премиерот и со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Милојко Спајиќ и Ервин Ибрахимовиќ.

Фидан во разговорите со Спајиќ и Ибрахимовиќ побарал црногорските власти да преземат мерки за обезбедување на сигурност и заштита на правата на турските државјани во Црна Гора.

Неговото барање уследи откако беа приведени турски и азербејџански државјанин во саботата кога нападнаа еден човек во Подгорица. Тие се осомничени за насилничко однесување. Синоќа во Подгорица уништена е продавница во сопственост на турски државјанин. 

Зачлени се на нашиот е-билтен