Финскиот министер за одбрана, пред почетокот на Состанокот на НАТО министрите за одбрана во Брисел денеска, во својата изјава остро ја осуди руската воена агресија против Украина
„Силно го осудуваме нападот на Русија против Украина, кој трае речиси една година. Финска ја зголеми поддршката во одбранбени материјал за Украина и веќе го подготвува следниот пакет“, изјави првиот човек на финската одбрана.
Тој одговори и повеќе прашања што се однесуваат на финската апликација за членство во НАТО. Иако се соочени со предизвикот наметнат од турското вето на нивното членство, Финска, како и Шведска, според зборовите на министерот Савола и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, двете земји се практично дел од заедничката одбрана.
Запрашан дали Финска е фрустрирана поради ветото, Савола низ насмевка одговори дека Финска не е фрустрирана, дека на сето тоа гледа како на процес и ги повтори позитивните аспекти на соработката со НАТО.
Савола соопшти дека Финска веќе одобри нов пакет за воена помош на Украина, кој вклучува тешко вооружување вредно над 400 милиони евра. До сега, од почетокот на руската инвазија против Украина, Финска испорача воена помош во вредност од 590 милиони евра.
Од Брисел: Џ. Дерала((CivilMedia)
.