Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, постигна договор за формирање влада со евроскептичната, антиимиграциска Финска партија и две помали партии, рече синоќа лидерот на НКП.
– Горд сум на добрата програма и на резултатите од преговорите. Одговорени се сите прашања, изјави во Хелсинки, во присуство на шефовите на трите преостанати партии, Петри Орпо, претставникот за состав на новата влада.
Со доведување на НКП, националистичките Финци, малцинската Шведска народна партија и демохристијаните на заедничка платформа, Орпо ја насочи финската политика кон десно.
Во текот на 11 недели преговори за тоа како да се управува со Финска во следните четири години, партијата на Финците и Шведската народна партија жестоко се бореа за да постигнат договор за имиграцијата, климатската политика и јавните финансии, но на крајот постигнаа компромис.
Се очекува владата на Орпо да го заузда фискалниот дефицит со намалување на невработеноста и бенефициите за социјална помош, заострување на имиграцијата и олабавување на еколошките обврски.
Tags: