Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Европската комисија и обезбеди на Украина 1,5 милијарди евра во рамки на годишниот пакет помош

 Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен соопшти дека ЕК обезбедила исплата на уште една транша од макрофинансиската помош за Украина во износ од 1,5 милијарди евра.

„Денеска и обезбедуваме на Украина уште 1,5 милијарди евра како дел од нашиот годишен пакет макрофинансиска помош“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа изјави дека ЕУ ќе продолжи да и помага на Украина да се спротивстави на руската агресија, да го поддржува функционирањето на украинските институции, како и да и помага во спроведувањето важни реформи.

Зачлени се на нашиот е-билтен