Фон дер Лајен и Макрон: Унгарија ја избра ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека разговарал со унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар и му ја честитал изборната победа во Унгарија.

„Франција му честита за победата, која ја покажува поврзаноста на унгарскиот народ со вредностите на Европската Унија“, навел Макрон.

Според неговата изјава, разговорот бил фокусиран на политичката состојба во Унгарија и европската перспектива на земјата.

Во меѓувреме, на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен исто така реагирала на изборниот исход, истакнувајќи дека резултатот претставува потврда на европскиот курс и демократските вредности во Унгарија.

Таа нагласила дека Европската Унија останува подготвена за соработка со новото политичко раководство во земјата, во насока на зајакнување на институциите и европските стандарди.

Зачлени се на нашиот е-билтен