Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се разболела со тешка форма на пневмонија, поради што ги откажа сите патувања во следните две недели.
Портпаролот на ЕК соопшти дека Фон дер Лајен ги откажала сите надворешни состаноци во првите две недели од годината.
Таа требаше да патува во Лисабон каде што се очекуваше да држи говор, но и да оди во Гдањск по по повод преземањето на Полска со претседавањето со Советот на ЕУ.
Како што соопштија од ЕК, Фон дер Лајен следните две недели ќе работи од германскиот град Хановер, а планираните посети ќе бидат презакажани подоцна.
„Доколку се биде добро, претседавачката ќе биде целосно закрепната до средината на месецот“, прецизираше портпаролот на ЕК.
Таа потоа ќе се врати на работа во нејзината канцеларија во зградата на Европската комисија во Брисел.
66-годишната Фон дер Лејен е на чело на ЕК од 1 декември 2019 година.