Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен ќе учествува на Африканскиот самит за климата во Најроби

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе отпатува за кенискиот главен град Најроби, каде утре ќе учествува на Африканскиот самит за климата 2023. 

Предвидено е Фон дер Лајен да се обрати на отворањето на Самитот, по што ќе учествува на Панел дискусија на тема „Новата глобална климатска финансиска архитектура“, на која ќе говорат и претседателите на Кенија и Гана, Вилијам Руто и Нана Акуфо-Адо, египетскиот премиер Мостафа Мадбулу, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претседавачот на Конференцијата за климатски промени во Дубаи (КОП28), Султан Ахмед ал Џабер и претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат. 

На маргините на Самитот, предвидено е Фон дер Лајен да има билатерална средба со кенискиот претседател Руто, на која главна тема ќе бидат Стратегијата за зелен водород на Кенија и Патоказот за нејзино спроведување, која ќе биде поддржана од инвестициската стратегија на ЕУ – „Глобална порта“ и чијa цел е реализација на амбициите на оваа африканска земја за развој на сопствена зелена водородна индустрија во наредните години. 

На Африканскиот самит за климата 2023, чии коорганизатори се Кенија и Комисијата на Африканската Унија, е најавено присуство на поголем број шефови на држави или влади и претставници на мултилатерални институции, граѓанското општество, приватниот сектор и младински организации. Целта на Самитот е да се разговара за начините како африканските земји да се соочат со предизвиците што ги поставуваат климатските промени и да се подготват за претстојниот КОП28, што ќе се одржи на крајот ноември и почетокот на декември во Дубаи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен