Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен повика на поголема воена поддршка за Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повика на поголема воена поддршка за Украина на самитот на Г7 во Јапонија.

– Треба да и дадеме на Украина алатки сега успешно да се одбрани и да го врати целосниот суверенитет и територијален интегритет, им рече таа на лидерите на Г7.

– Треба да и ја обезбедиме на Украина потребната воена и финансиска поддршка. И мораме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно, додаде таа.

Фон дер Лајен го истакна и избегнувањето на западните санкции против Русија. Микропроцесорите, чиповите и сензорите се испраќаат во Русија и „завршуваат во оружје што се користи против Украина на бојното поле“, предупреди претседателката на ЕК.

Зачлени се на нашиот е-билтен