Франција денеска соопшти дека не планира ново финансирање на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во првата половина на 2024 година, повикувајќи се на „исклучително сериозни“ наводи од петокот дека персоналот на агенцијата бил вклучен во напад на Хамас врз Израел.
„Франција не планира нова исплата на агенцијата за првата половина на 2024 година и ќе одлучи кога ќе дојде време кои активности ќе ги преземе во соработка со Обединетите нации и големите донатори“, се наведува во соопштението на МНР.