Франција воведува полициски час по насилните протести

Француската влада побара воведување полициски час во делови од повеќе градови, по викендот исполнет со насилни протести, судири со полицијата, пожари и масовни грабежи. Премиерот Себастијан Лекорни денеска, 19 октомври, соопшти дека им наложил на префектите да воведат локализирани ограничувања на движењето уште од вечерва, со цел да се спречат нови немири и да се заштитат граѓаните и деловните објекти.

Мерките ќе бидат делумни и ограничени на конкретни подрачја, пред сè во градските центри каде што изминатиот викенд беше регистрирано најголемо насилство. Лекорни најави дека точните локации ќе бидат утврдени во координација со локалните власти.

Премиерот не ја исклучи можноста за прогласување вонредна состојба, но оцени дека во овој момент локализираниот полициски час е посоодветна мерка за воспоставување ред.

Одлуката следува по масовните протести против високите трошоци за живот, кои на 17 и 18 октомври прераснаа во сериозни немири во повеќе француски градови. Според податоците што ги пренесува Reuters, уапсени се околу 2.400 лица, повредени се речиси 1.000 припадници на безбедносните сили, а приближно 3.000 продавници биле оштетени или ограбени. За време на протестите починал и еден демонстрант по срцев удар.

Во градот Денен, на северот на Франција, локалните власти веќе воведоа полициски час од 21 часот навечер до 6 часот наутро, кој ќе важи до 25 октомври. Ограничувањето се однесува и на малолетни и на полнолетни лица, со исклучоци за одење на работа и итни случаи. Во Марсеј, пак, властите забранија јавни собири и демонстрации во определен временски период.

Немирите предизвикаа и политичка криза. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез понуди оставка, преземајќи одговорност за безбедносните пропусти, но претседателот Емануел Макрон ја одби. Макрон побара утврдување на причините за неуспехот на безбедносните служби да го предвидат и спречат насилството.

Владата најави и посебни економски мерки за погодените трговци, вклучително и финансиска поддршка за компаниите што претрпеле штети.

Во меѓувреме, организаторите на протестите од движењето „Жолти елеци“ најавуваат нови мобилизации на 24 и 31 октомври, што дополнително го зголемува притисокот врз француските власти.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?