Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „покажува голема грозница“ пред Украина и нејзините сојузници, нагласувајќи дека Европа се залага за „праведен и траен мир“, додека Путин се обидува да го избегне тоа.
Во интервју за „Паризиен“, Баро изрази уверување дека европскиот самит, кој се одржа во четвртокот во Брисел, ќе има исто така големо значење за европската безбедност како и формирањето на НАТО во 1949 година.
„Владимир Путин покажува голема нервоза пред Украина и нејзините сојузници, кои, во разговорите со американската администрација, покажаа силна волја да ставата крај на оваа војна“, изјави Баро.