FT: САД ја намалуваат помошта за европските земји што граничат со Русија за стотици милиони долари

САД ќе ја намалат финансиската и безбедносната поддршка за европските земји кои се наоѓаат на источното соседство со Русија, пренесува „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според британскиот весник, минатата недела официјални претставници на Пентагон им соопштиле на европските дипломати дека Соединетите Држави повеќе нема да ги финансираат програмите за обука и вооружување на војските во земјите од источна Европа.

Одлуката шокирала некои земји членки на Европската унија, кои сега се обидуваат да ги разјаснат деталите за намалувањето на американската помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен