Германија и Украина заеднички ќе производуваат оружје со долг дострел

Германија и Украина имаат за цел заеднички да произведуваат оружје со долг дострел, изјави канцеларот Фридрих Мерц во Берлин во среда по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Мерц рече дека германскиот и украинскиот министер за одбрана треба да потпишат писмо за намери за „набавка на системи за оружје со долг дострел од украинско производство“.

Канцеларот рече дека овој потег претставува „почеток на нова форма на воено-индустриска соработка меѓу нашите земји, која има голем потенцијал“.

Зеленски додаде дека писмото за намери ќе вклучува финансирање на тековните проекти за производство на ракети во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен