Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гладков: Украина употреби касетна муниција за напад врз регионот на Белгород

Украина употреби касетна муниција за напад на руската погранична област Белгород, изјави локалниот гувернер на регионот, Вјачеслав Гладков, пренесе ДПА.

Гладков кажа дека Украинците го нападнале селото Журављовка користејќи ракетни фрлачи кои истрелуваат касетна муниција. 

Во нападот нема жртви или материјална штета, додава германската агенција.

САД неодамна ја снабдија Украина со касетна муниција, вооружувајќи го Киев за да се одбрани од актуелните руски напади, и покрај меѓународните критики. 

Повеќе од 100 земји, вклучувајќи ја и Германија, имаат потпишано договор со кој се забранува употребата на таков тип оружје.

Гладков пријави напади врз 13 села во неговиот регион, меѓутоа, касетната муниција се користела само во Шурављовка. Во три од нападнатите области се оштетени куќи, возила и далновод.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека армијата ќе возврати си употреба на касетна муниција доколку Украина почне да ја користи, но многу експерти веруваат дека Кремљ веќе распоредил таква муниција во својата војна против Украина, потсети ДПА.

Зачлени се на нашиот е-билтен