Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес објави дека американските сили и вооружените сили на Нигерија спроведоа заедничка операција во која, како што изјави, е убиен вториот по ранг во глобалната структура на Исламска држава (ИСИС), Абу-Билал ел-Минуки.
„Мислеше дека може да се скрие во Африка, но немаше поим дека имаме извори кои нè информираат за тоа што прави“, рече Трамп на платформата Truth Social.
Тој рече дека операцијата била „внимателно испланирана и многу сложена“, додавајќи дека Ел-Минуки „веќе нема да ги тероризира луѓето во Африка, ниту ќе помага во планирањето операции насочени кон Американците“.
Тој ѝ се заблагодари на нигериската влада за нејзината соработка во спроведувањето на операцијата и оцени дека со отстранувањето на Ел-Минуки, „глобалната операција на ИСИС е значително намалена“.
