Голем пожар зафати зграда веднаш до Централната станица во Глазгов, предизвикувајќи евакуации и делумно уривање. Сите железнички услуги од горниот кат на најпрометната станица во Шкотска се откажани и станицата ќе остане затворена до понатамошно известување. Нема повредени во пожарот, кој избувна во недела попладне, јавува Би-Би-Си.
Пожарот избувна во продавница за електронски цигари на улицата Јунион, пред да се прошири на остатокот од зградата позната како Јунион Корнер. Викторијанската зграда, заштитена зграда од 1851 година, делумно се урна во рок од неколку часа од пожарот.
Шкотската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека повеќе од 60 пожарникари и 15 возила биле вклучени во интервенцијата.
Екипите биле испратени на терен околу 15:45 часот по локално време, но пожарот се разгорел во текот на вечерта.
Иако на почетокот, како што велат очевидци на настанот, се гледалo како само чад како излегува од зградата, во рок од неколку часа се појавил отворен пламен.
„Нетворк Реил“ по состанокот на полноќ соопшти дека самата станица се чини дека не претрпела значителна штета. „Врз основа на моменталните информации, не сме идентификувале никаква значителна штета на станицата. Целосна проценка ќе се изврши во зори“, соопштија.
Сепак, станицата нема да се отвори во понеделник наутро. „Скот Реил“ соопшти дека ниту еден од неговите возови нема да сообраќа од горното ниво, додека возовите од пониското ниво ќе поминуваат низ станицата без запирање. „Им се извинуваме на патниците за евентуалните непријатности што ова ќе ги предизвика и ги охрабруваме да ги проверат своите опции за патување пред да патуваат“, рече Марк Илдертон, директор за испорака на услуги на ScotRail.