Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска во Калининград разговараше со руските претставници за нуклеарната електрана Запорожје.
Портпаролот на МААЕ претходно изјави дека Гроси во руската балтичка енклава Калининград ќе разговара за безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје, лоцирана во јужна Украина, а е под руска контрола. Запорожје е во близина на првата линија на борбите помеѓу руските и украинските сили.
Гроси на крајот од минатиот месец ја посети најголемата нуклеарната електрана во Европа, Запорожје истакнувајќи оти е потребна безбедност и спречување на евентуална нуклеарна катастрофа што може да биде предизвикана од меѓусебно гранатирање од руска и украинска страна.