Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гроси: Во тек се важни разговори на МААЕ со Иран и имаме големи очекувања

Шефот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави денеска дека се водат разговори со иранските власти за две важни прашања, вклучително и оние од областа на науката, и потврди дека има „големи очекувања“ во врска со разговорите.

Гроси вчера ги почна состаноците со иранските официјални претставници во обид да ја обезбеди нивната соработка со МААЕ во анализата на трагите од ураниум пронајдени на непријавени локации каде што ураниумот се збогатува до нивото потребно за производство на нуклеарно оружје.

„Сè на сè, има два значајни домени за кои се разговара. Во нашиот заеднички тим имаме големи очекувања дека ќе бидат разјаснети сите нејасни прашања за иранската нуклеарна програма“, рече Гроси во Техеран на заедничката прес-конференција со Мохамад Есламије, директор на иранската Агенција за атомска енергија.

Вториот сет прашања, кој исто така е многу важен, се однесува на научно-техничката соработка со Иран, посочи Гроси и потврди дека разговорите се одвиваат во „атмосфера на работа, искреност и соработка“

Зачлени се на нашиот е-билтен