Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска „најостро“ ги осуди повторените руски напади врз пристаништето Одеса и другите украински градови на Црното Море.
Тој пред светската организација изјави дека нападите се „спротивни“ на обврските што Русија ги презеде со ОН во меморандумот за разбирање.
Украина соопшти дека во нападите биле уништени 60.000 тони жито складирано на брегот на Црното Море.
Обединетите нации, денеска исто така, го критикуваа руското суспендирање на договорот за украинскиот извоз на жито од Црното Море, велејќи дека тоа веќе има негативно влијание врз глобалните цени на пченицата и пченката.
Во тој документ, потпишан од Русија, се наведува „дека Руската Федерација ќе овозможи непречен извоз на храна, сончогледово масло и ѓубрива од пристаништата на Црното Море под контрола на Украина“.
„Тоа влијае на сите, но особено на ранливите луѓе на глобалниот југ“, рече Гутереш.
Советот за безбедност на ОН утре на посебна седница треба да расправа за привременото завршување на договорот за жито.