Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска апелираше до светот да ја направи Африка „суперсила за обновлива енергија“.
– Обновливите извори на енергија би можеле да бидат африканското чудо, изјави генералниот секретар на ОН, кој се обрати на африканскиот климатски самит во кенискиот главен град Најроби.
Тој нагласи дека „мора да работиме заедно за да ја направиме Африка суперсила на обновливи извори на енергија“.
Гутереш апелираше до лидерите на Г-20, кои се состануваат овој викенд во Индија, да преземат одговорност во борбата против климатските промени.