Хорор во Германија: Напаѓач влегол во кафуле и убил две лица

Германија

Двојно убиство се случи синоќа во малото гратче Раунхајм, Германија. Полицијата е на местото на настанот, а околните улици се блокирани. Напаѓачот е во бегство.

Според полицијата, истрелите биле испукани во кафулето. Областа околу кафулето е блокирана, а во тек е голема операција за пребарување на напаѓачот. Сообраќајот околу кафулето е пренасочен.

„Според првите сознанија, вооружено лице влегло во кафулето околу 3:45 часот наутро и застрелало две лица. Двете лица им подлегнале на повредите на самото место“, објасни Кристоф Шмит, од полициската станица во Јужна Хесен, пренесува Билд.

Сторителот потоа избегал. Полицијата истражува двојно убиство. Сè уште не објавиле мотив или позадина на злосторството. Исто така, не е познато дали е пронајдено оружјето што е употребено за извршување на убиствата.

Зачлени се на нашиот е-билтен