Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИФРЦ апелира за помош од 100 милиони евра за Мароко

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска упати апел за собирање повеќе од 100 милиони евра за поддршка на Мароко по разорниот земјотрес.

ИФРЦ веќе издвои еден милион швајцарски франци од својот фонд за итни случаи за поддршка на активностите на мароканската Црвена полумесечина на терен.

– Потребни ни се 100 милиони швајцарски франци (105 милиони евра) за да можеме да одговориме на најитните потреби, изјави директорката за операции на ИФРЦ, Керолин Холт во Женева.

Во исто време, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 41 тон итна медицинска помош, главно средства за итни операции, наскоро треба да бидат испратени во Мароко од базата на СЗО во Дубаи.

Во земјотресот во Мароко загинаа 2.900 луѓе и уништија повеќе села во планинската област на Високиот Атлас.

Зачлени се на нашиот е-билтен