Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Индискиот премиер бара полноправно членство на Африканската унија во Г20

– Индискиот премиер Нарендра Моди испрати писмо до лидерите на Г20 во кое предлага Африканската унија да добие полноправно и постојано членство на претстојниот самит во Индија.

Предлогот на Моди за доделување полноправно членство на Африканската унија во Г20 ја покажува посветеноста на Индија да го зајакне своето присуство и партнерство со Африка во обликувањето на глобалната политика, рекол извор запознаен со прашањето.

Г20 е меѓувладин форум на најголемите развиени и економии во развој во светот. Членките претставуваат околу 85 отсто од светскиот БДП и повеќе од 75 отсто од светската трговија, како и околу две третини од светското население. Групата ја сочинуваат 19 земји и Европската Унија. Оваа година, Г20 покани и девет земји „гости“ кои не се членки на групата, вклучувајќи ги Бангладеш, Сингапур, Шпанија и Нигерија, како и меѓународни организации како што се Обединетите нации, Светската здравствена организација, Светската банка и ММФ.

– Тоа ќе биде правилен чекор кон праведна, правична и поинклузивна и репрезентативна глобална архитектура и управување, рекол изворот за предлогот за членство во Африканската унија.

Африканската унија се состои од 55 земји-членки.

Треба да знаете
Moже да ве интересира