Инфлацијата во еврозоната паднала на 2,4%

Годишната стапка на инфлација во еврозоната за февруари според прелиминарната проценка опаднала на 2,4% од 2,5% во јануари, објави денеска Евростат.

Цените на енергенсите во еврозоната пораснале за 0,2% на годишно ниво, што претставува значајна промена во однос на јануари, кога растот на цените беше значително поголем и изнесуваше 1,9%.

Во секторот услуги во еврозоната цените пораснале за 3,7% на годишно ниво, малку забавувајќи се во споредба со 3,9% во јануари.

Спротивно на тоа, цените на храната, алкохолот и тутунот забрзаа со раст на 2,7% на годишно ниво во споредба со 2,3% во јануари, додека цените на индустриските производи без енергија пораснале за 0,6%, наспроти 0,5% во јануари.

Ако ја анализираме годишната инфлација во четирите најголеми економии на еврозоната, се заклучува дека во февруари во Германија инфлацијата изнесувала 2,8%, во Франција 0,9%, во Шпанија 2,9%, а во Италија 1,7%.

Евростат ја мери инфлацијата преку хармонизиран индекс на потрошувачки цени (HICP), а резултатите од оваа методологија понекогаш може да се разликуваат од податоците што ги објавуваат државите во еврозоната.

Зачлени се на нашиот е-билтен