На ноќното небо ширум светот се појави блескава спирала која во многу луѓе остави силен впечаток. Овој необичен феномен беше забележан во Велика Британија, Ирска, Данска и Милано, и траеше неколку минути пред да исчезне.
Според експертите од британската метеоролошка служба, причина за појавата на спиралата се испарувањата од ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс икс“. Замрзнатите издувни гасови од ракетата создаваат форми во атмосферата додека ја рефлектираат сончевата светлина, што ги прави видливи од Земјата.
Nebo nad Ljubljano pravkar. A kdo kaj ve kaj je to, se je sprožil vladni vesoljski program in bodo poleteli v…? pic.twitter.com/LIdYnQCR8l
— Jože Možina (@JozeMozina) March 24, 2025
Овој феномен настанува кога горивото од горната фаза на ракетата замрзнува на голема височина веднаш по испуштањето.
Ракетата „Фалкон 9“ беше лансирана од Флорида во понеделникот околу 17.50 часот по британско време, како дел од мисија на американската влада. Несекојдневната глетка беше видлива и во регионот, јавуваат некои медиуми.