Италија воведува забрана за дизел возила Euro 5 – важи и за странски регистрации!

Од 1 октомври 2025 година, во италијанските региони Пиемонт, Ломбардија, Емилија-Ромања и Венето стапуваат на сила нови ограничувања за дизел возила со Euro 5 стандард, со што значително се проширува постојната забрана за постари модели.

Мерките, кои првично беа најавени за 2023 година, беа одложени за две години, а според италијанските медиуми, новите правила ќе важат во сите градови со над 30.000 жители, вклучувајќи и возила со странски регистарски таблици.

Регионални детали за забраната:
-П април, во работни денови од 08:30 до 18:30 часот.

-Ломбардија (Милано)
Целосна забрана за возење секој ден, од 07:30 до 19:30, без прекини.

-Емилија-Ромања (Болоња)
Од 1 октомври 2025, забраната ќе се применува во работни денови од 08:30 до 18:30 часот.

-Венето (Венеција)
Најстроги услови – забрана секој ден, без временско ограничување.

Кој ќе биде засегнат?

Сите сопственици на дизел возила со Euro 5 стандард, без разлика дали се локални или странски граѓани

Исклучоци се можни за историски возила, но ќе зависат од локалните одредби

Забранетите зони ќе бидат јасно обележани со сообраќајни знаци.

Прекршителите ќе се соочат со казни од најмалку 168 евра, а повеќекратни прекршоци може да резултираат со привремена забрана за возење до еден месец.

Овие ограничувања се одговор на алармантното аерозагадување на северот од Италија, особено во Падската низина, каде во текот на зимата честопати се надминуваат дозволените граници на штетни честички во воздухот.

Зачлени се на нашиот е-билтен