Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италијанската влада ќе разговара за ситуацијата на островот Лампедуза и ќе донесе одлука за нови правила за миграцијата

Италијанската влада денеска се очекува да усвои нови миграциски правила поради миграциската криза на медитеранскиот остров Лампедуза, јави ДПА.

Секој ден илјадници мигранти пристигнуваат со бродови на малиот италијански остров меѓу Сицилија и Северна Африка. Постојниот прифатен центар на островот е преполн.

Откако вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја посети Лампедуза и вети дека ќе се засили надзорот во Медитеранот, италијанската премиерка Џорџа Мелони сега сака да преземе мерки и на национално ниво.

Мелони претходно најави дека ќе ја зголеми максималната должина на задржувањето за депортација на 18 месеци. Според правилата на Европската унија, тоа е максимално дозволениот период.

Исто така, предвидено е италијанското Министерство за одбрана да добие инструкции да изгради соодветни центри за задржување на мигрантите кои илегално влегле во земјата

Зачлени се на нашиот е-билтен