Итно повлечена играчка од рафтовите низ Европа: Содржи токсична материја што може да го оштети репродуктивниот систем на најмалите

Играчка, омилена меѓу најмладите, итно се повлекува од рафтовите низ Европа. Станува збор за комплет фалсификувани фигурини од серијата „Моето мало пони“, чија продажба е забранета поради хемиски ризици и потенцијална опасност за потрошувачите.

Предупредување за неисправност на детска играчка и нејзино повлекување од пазарот вчера издаде RAPEX, систем за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ.

– Главата на понито е изработена од пластичен материјал, кој содржи прекумерна концентрација на бис (2-етилхексил) фталат (DEHP), чија вредност е до 33 проценти по маса. Овој фталат може негативно да влијае на здравјето на децата, предизвикувајќи можни оштетувања на репродуктивниот систем – се вели во соопштението на РАПЕХ.

Високите концентрации на DEHP може да бидат сериозна закана за хормоналниот систем, да предизвикаат оштетување на репродуктивниот систем, особено кај најмладите и може да влијае на развојот на фетусот за време на бременоста. Во ЕУ, тој е класифициран како токсичен за репродукција, поради што Европската унија ја ограничи употребата на DEHP во играчките и детските производи. Во многубројни случаи, неговата употреба е целосно забранета. Според регулативите на ЕУ, производите што содржат повеќе од 0,1 отсто DEHP по тежина не смеат да се пласираат на европскиот пазар во одредени категории.

Ова хемиско соединение широко се користи како пластификатор, особено во ПВЦ материјали. Се додава на пластиката за да ги направи пофлексибилни и издржливи. Се наоѓа во кабли, подови, тапети, пакување, медицински цевки, играчки и многу други пластични производи.

Како што е наведено во предупредувањето на RAPEH, сет од пластични играчки се отповикуваат како опасни за здравјето: светлопортокалово пони со тиркизна грива и опашка, светлосино пони со шарена грива и опашка и виолетово пони со розова грива и опашка, секоја со различни додатоци.

Овие играчки потекнуваат од Кина, а од продажба се повлекува серискиот број B3598, наречен EXPLORE EQUESTRIA, брендот My Little Pony, со број на модел: 3215230 и баркод 5010994932367. Во известувањето посебно се нагласува дека се работи за фалсификат на популарната играчка.

Ова е само еден во низата опасни производи кои речиси секој месец се повлекуваат од пазарот. Загрижувачки е што меѓу овие стоки, кои носат ризици по здравјето и животот на луѓето, има се повеќе играчки и производи наменети за најмладите. Неодамна беше забранета продажбата на велосипеди за деца помали од пет или шест години, бидејќи лошите сопирачки лесно може да го повредат детето.

Зачлени се на нашиот е-билтен