Изметот од панда – одлично ѓубриво за органски зелен чај

Пандите се познати не само по својата симпатичност, туку и по нивниот придонес во производството на органски зелен чај. Кина, каде пандите се сметаат за национално богатство, започнала да ги користи нивните измети како природно ѓубриво за производството на оваа луксузна напивка.

Изметот од панда, кој содржи околу 70% хранливи материи, се користи за ѓубрење на земјиштето на фармите за органски чај. Овој процес се користи од страна на претприемачот Јанша, кој во планинскиот регион на југозападниот дел на Кина успеал да развие производството на органски зелен чај користејќи панда измет. Тој неодамна набавил околу 11 тони панда ѓубриво, кое ќе биде клучно за растот на чајот.

Првата партија чај што ќе се продава ќе има цена од околу 3500 $ (22.000 јуани) за 50 грама, што го прави најскапиот чај во светот. Претприемачот објасни дека дел од профитот од продажбата ќе се инвестира во фонд за заштита на животната средина. Тој, исто така, најави дека следната испорака ќе биде поевтина, со цел да се направи производот доступен на поголем број потрошувачи.

„Пандите не само што се симбол на среќа, туку и многу вредни за нашата еколошка агркултура. Тие се како машини за ѓубрење“, изјавил Јанша, објаснувајќи како нивниот измет игра клучна улога во создавањето на овој премиум чај.

Зачлени се на нашиот е-билтен