По 15 месеци конфликт во кој загинаа десетици илјади жртвви и се закануваше да се прелее во другите земји на Блискиот исток, преговарачите на Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот.
Овој договор, според медиумите, е почетна фаза од примирјето. Вкучува прекин на огнот од шест недели и постепено повлекување на израелските сили од Газа, како и ослободување на заложниците земени од Хамас во замена за палестински затвореници држени од Израел.
Договорот е постигнат по неколку месеци преговори на завојуваните страни во посредство на САД, Египет и Катар.
Од Хамас, доминантната палестинска милитантна група во Газа, изјавија за Ројтерс дека нејзината делегација им го предала на посредниците одобрението за договорот за прекин на огнот и враќањето на заложниците.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар рече дека ја прекинува посетата на Европа и дека ќе се врати во Израел во текот на ноќта за да учествува во гласањето на безбедносниот кабинет и владата за договорот – што значи дека гласањето најверојатно ќе биде до или во четврток.