Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел им забранува на Евреите да ја посетуваат џамијата Ал Акса до крајот на Рамазан

На еврејските посетители и туристи ќе им биде забранет влез во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим до крајот на светиот муслимански месец Рамазан, се вели во денеска објавеното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Минатонеделниот насилен упад на израелската полиција во Ал Акса, која сакаше да ги протера Палестинците од таму, резултираше со ракетни напади врз Израел од Газа, Либан и Сирија, објави Ројтерс.

По една година ескалација на израелско-палестинското насилство, тензиите се особено високи оваа година бидејќи Рамазан и Пасха се совпаѓаат.

Израелската Влада и претходните години им го забрани влезот на немуслиманите во комплексот во последните 10 дена од Рамазан, кој треба да заврши на 20 или 21 април.

Но, екстремно десничарскиот израелски министер за безбедност Итамар Бен-Гвир повика оваа година забраната да не се воведува.

Тензиите продолжија и денеска кога двајца Палестинци кои отворија оган врз израелски војници беа убиени во северниот дел на Западниот Брег.

Израелската армија објави дека отворила оган и „неутрализирала двајца вооружени напаѓачи“ кои од своите возила пукале во правец на воената позиција и еврејската населба Илон Море, лоцирана во близина на палестинскиот град Наблус.

Во потера по останатите осомничени војниците во реонот, откриени се повеќе парчиња оружје, меѓу кои и две пушки М-16, се наведува во военото соопштение, во кое се истакнува дека меѓу војниците нема повредени.

Западниот Брег, палестинска територија, беше окупиран од Израел во 1967 година. Таму денес живеат речиси три милиони Палестинци, како и 490.000 еврејски доселеници. Тие живеат во населби кои ОН ги сметаат за нелегални според меѓународното прав

Најново