Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека израелските сили го ликвидирале началникот на генералштабот на бунтовничкото движење Хути во Јемен, генерал-мајор Мухамед Абдул Карим ел-Гамари.
Во објавата на социјалната мрежа X, Кац потврди дека ел-Гамари бил убиен заедно со неколку високи функционери на Хутите во израелски воздушен напад извршен во август.
Со оваа изјава, Израел првпат официјално презема одговорност за акцијата, која претходно беше спомената во денешното соопштение на Движењето Хути. Според нив, ел-Гамари загинал по серија воздушни напади насочени кон раководството на организацијата.
ארגון הטרור החות'י הודיע כעת כי הרמטכ"ל החות'י, שהותקף במכת הבכורות העוצמתית בה סוכלה מרבית הצמרת החות'ית בתימן, מת מפצעיו ובכך הוא הצטרף אל חבריו מסוכלי ציר הרשע במעמקי הגיהינום.
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) October 16, 2025
ביקרתי ב"חמ"ל החות'ים" של אמ"ן והודיתי לראש אמ"ן, האלוף שלומי בינדר, ושאר אנשי האגף על העבודה… pic.twitter.com/JnGdh4MU89
Иако Хутите не го обвинија директно Израел за убиството, тие потврдија дека неколку нивни високи претставници биле погодени во нападите.
Израелската операција доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток, при што израелските сили во последните месеци спроведуваат низа акции насочени против сојузниците на Иран во регионот, меѓу кои и Хутите во Јемен.