Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе испрати делегација во Доха, главниот град на Катар, на нова рунда преговори за продолжување на примирјето со Хамас, кое е во сила од 19 јануари.
Катар е клучен посредник во мировните напори во Појасот Газа, а тековната фаза на примирјето е предвидено да заврши на 1 март.
Одлуката за испраќање на делегацијата доаѓа по најновата размена на израелски заложници за палестински затвореници.
Нетанјаху, кој се враќа од посета на САД, утре ќе одржи состанок на безбедносниот кабинет за да разговара за наредните чекори во преговорите.