Јута забрани истакнување на ЛГБТК+ знамиња на јавни згради

Јута стана првата американска држава што воведе забрана за истакнување на знамиња со ЛГБТК+ симболи на владините згради и училиштата.

Законот, потпишан од републиканскиот гувернер Спенсер Кокс, стапува на сила од 7 мај. Иако самиот Кокс изрази одредена загриженост за неговата примена, забраната останува на сила.

Според новите правила, локалните власти и образовните институции смеат да истакнуваат само знамиња на САД и на сојузната држава Јута. Доколку некоја институција го прекрши законот, ќе се соочи со казна од 500 долари дневно.

Оваа мерка би можела да предизвика тензии, особено со Солт Лејк Сити – најголемиот град во Јута, кој секој јуни организира манифестации по повод Месецот на гордоста, при што градот традиционално ги истакнува ЛГБТК+ знамињата.

Зачлени се на нашиот е-билтен